Исчезнатиот мотоциклист Паскал Тери е пронајден мртов, соопшти организаторот на релито Дакар коe годинава се вози во Аргентина и Чиле.

Безживотното тело на 49-годишниот француски возач било пронајдено на стазата на релито кое стартуваше во Буенос Аирес минатата недела.

Релито Дакар по минатогодишното откажувањето поради заканите од терористички напади оваа година се вози во Јужна Америка.

ohridnews