Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за развој на рекреативниот спорт ,,СПОРТ ЗА СИТЕ – ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ,, организираше велосипедски крос. Велосипедскиот крос се реализираше на релацијата ГРАДСКИ ПЛОШТАД – ХОТЕЛ СИЛЕКС, при што група од 70 млади организирано се движеа низ градскиот кеј, преку мостот кај Билјанини извори, преку плажите кај хотелите Парк, Инекс и Славија Спектар, до спортските терени кај хотел Силекс.
Учесниците на велосипедскиот крос на терените играа фудбал, кошарка, одбојка, хокеј, тенис, не лути се човече, а исто така и уживаа на брегот на Охридското Езеро.
За сите учесници, Младински Совет Охрид преку донаторите „Слатка куѓа“ и „Добра вода“, обезбеди освежување.
Велосипедскиот крос, поради поголема безбедност, беше реализиран со придружба на МВР-СВР Охрид.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com