Викендов во организација на роболовното друштво Св. Стефан од Охрид на каналот Студенчишта се одржа натпревар во риболов во дисциплината „пливка“. Ова е прв од серијата натпревари предвидени во сезоната „Зима 2013-2014“. На натпреварот учестуваа повеќе членови од риболовното друштво „Св. Стефан“ од Охрид кои беа поделени во три групи.
Во првата група се натпреваруваа сениори и ветерани, меѓу кои првото место го освои Блаже Јолески со изловени 2270 грама риба.
Од јуниорите најдобар беше Сене Пазаркоски со изловени 1190 грама, а од кадетите Илија Рупев кој улови 900 грама.
Натпреварувачите не беа задоволни со фондот на риба во каналот, но тоа не ги спречи да се дружат и да уживаат во убавото време. Овој натревар имаше и хуманитарен карактер бидејќи уловената риба е наменета за лицата сместени во одделението за гериатрија во Општата Болница во Охрид.
Наредниот натпревар на кој ќе учествуваат риболовци од повеќе градови, ќе се одржи во сабота 21.12.2013, доколку временските услови го дозволат тоа.
OhridNews