Шпанецот Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Индијан Велс, откако денеска го совлада Австралиецот Ник Киргијос со 2-1 во сетови (7-6, 5-7, 6-4).

Надал со тоа се избори за рекордно 76 полуфинале на „Мастерс 1000“ во кариерата, најмногу од сите други тенисери.

Шпанецот воедно ја продолжи и импресивната серија во 2022 година, забележувајќи ја 19. победа по ред во новата сезона.

Надал во полуфиналето ќе игра против сонародникот Карлос Алкараз, кој го совлада Британецот Камерон Нори со 6-4,6-3.

Младиот 18-годишен Шпанец со тоа стана втор најмлад полуфиналист во Индијан Велс по Андре Агаси, кој имаше 17 години кога во 1988 година влезе во полуфиналето.

OhridNews