Капитенот и селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, испиша нов лист во аналита од Лигата на Шампиони. Лазаров и францускиот клуб Нант, вчеравечер, обезбедија ново учество на завршниот турнир, елиминирајќи го Веспрем со 1/4 финалето.

Најновото учество на Лазаров на Ф4 е вкупно седмо во неговата кариера, што претставува нов рекорд во ЛШ. Никој претходно не учествувал повеќе пати од Лазаров на завршните турнир во ЛШ. За потсетување, Лазаров е „крал“ на стрелците на турнирите и воопшто во мечевите од Лигата на Шампиони.

Сите овие достигнувања, Лазаров ги круниса со најава за играње на уште една сезона во францускиот клуб. Информацијата ја лиферураше Лазаров, а ја потврди првиот човек на Нант Гаел Пелетие.

Лазаров во 41-година е вистински пример за спортист, кој треба и е идол на многу ракометни генерации.

Нант ривалот во полуфиналето од Ф4 ќе го добие во вторник во 11 часот за кога е закажана ждрепката во Виена, Австрија.

OhridNews

 

Лазаров подобар во двобојот со Манасков, Нант патува на Ф4 во ЛШ