Според официјалните информации на Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19, од кои 5 во Охрид, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, а 7 во Струга. Најмногу новодијагностицирани се регистрирани во Скопје 46, по што следат: Kуманово 19, Штип 17, Тетово 16, Гостивар 7, Велес 3, Неготино 2, Прилеп, Битола, Кочани и Делчево по 1.
Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти: Прилеп 2, Тетово 1, Велес 4, Свети Николе 1.
Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124.
OhridNews