Во последните 24 часа се направени 2731 тестирање, а регистрирани се 913 нови случаи на Ковид 19, од кои рекордни 37 во Охрид, од каде се починати и 3 лица.

Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје 459, по што следат Велес 79, Прилеп 78, Битола 33, Струмица 26, Струга 11…

Починати се 24 лица, двајца пациенти од Скопје (77 и 67г), еден од Куманово (59г), четири пациенти од Прилеп (70, 61, 79 и 45г), тројца од Велес (82, 78 и 82г), двајца од Битола (80 и 62г), тројца пациенти од Охрид (67, 64 и 68г), двајца од Гостивар (66 и 68г), шест пациенти од Струмица (75, 64, 75, 60, 37 и 61г) и еден пациент од Пробиштип (69г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 421 оздравени пациенти, 14 од Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 773, а бројот на активни случаи 278.

OhridNews