Рекордни 278 кандидати се пријавени за овогодинешната Нобелова награда за мир, чиј добитник ќе биде познат во октомври во Осло, соопшти денес Нобеловиот институт. Директорот Геир Лундештат изјавил дека бројот на предолжени кандидати секоја година е се поголем, што покажува зголемен интерес за мирот. Додал дека добиваат пријави од сите краеви на светот. Нобеловиот комитет денес се состанал за прв пат оваа година како би ја разгледал листата кандидати.
Сите кандидатури мораат да бидат поднесени најдоцна до 1 февруари. Лундештат рекол дека меѓу кандидатите има и 47 организации. Името на добитникот на престижната награда ќе биде соопштено на 10 октомври во Осло. Минатата година имало 259 пријавени кандидати за наградата. Таа беше доделена на Организацијата за забрана на хемиско оружје OPWC која денес е присутна во Сирија каде го надгледува уништувањето на хемискиот арсенал.