108 спортски падобранци успешно се споиле во најбројната воздушна формација до сега. Врската траела дури една секунда, додека летачите паѓале со брзина и до 300 км на час низ воздухот над Отава.
Учесниците скокнале од пет различни авиони и имале на располагање 40 секунди да се соберат и поврзат. Бидејќи крајната граница за подготовка на падобранот е околу два километри височина, моментот во кој се фатиле за раце не смеел да биде предолг.
108-те летачи биле внимателно избрани од сите краеви на светот, и тоа од тие кои имале постигнато значајни резултати на натпреварите.
“Се е во планирањето. Не можеме да комуницираме додека сме во воздух. Се се сведува на тоа да го пронајдеш местото кое ти е одредено и да дојдеш до него што побрзо, туркајќи се низ телата на останатите, кои паѓаат со брзина од 300 км на час“, сликовито опишал Луис од Венецуела.