Интензивно син дијамант до 5,3 карати вграден во прстен е продаден во средата во Лондон за 7,3 милиони евра, со што е постигнат нов рекорд по карат, јавува аукциската куќа Бонхамс.

Дијамантот кој го изработил Булгари достигнал цена од 1,37 милиони евра по карат, а го купил Граф Дајмондс од Лондон. Интензивно сините дијаманти се многу ретки, тврди Бонхамс.