Во првите две недели по промоцијата на спотот на Милчо Манчевски „Македонија – вечна“, на интернет го барале и го виделе над 160.000 гледачи. Самиот веб-сајт поставен на спотот има над 3.000 посети дневно од 93 земји.

Како што соопштува веб сајтот www.culture.in.mk, oва е најгледан македонски постинг на Интернет до сега и воопшто најконсумиран културен производ од државата после „Пред дождот“.

Спотот се прикажува на шест меѓународни станици (Си-Ен-Ен, Еуроњуз, Фокс Њуз, итн.) и веќе предизвикува Македонија да биде ставена како потенцијална дестинација на туристички сајтови. Наскоро ќе почне да се прикажува уште во 9 земји.

ohridnews