Натпреварите од почетните две кола во трите европски клупски натпреварувања од новата сезона во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига, донесе рекордна посета на стадионите од околу 2.5 милиони гледачи, објави УЕФА.
Најголема посета во првото коло донесе дуелот од Лигата на шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Копенхаген, кој од трибините го следеле 71.000 гледачи.
Рекордот во второто коло, исто така, го држи германски клуб во Лигата на шампиони.
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Барселона, како што наведе УЕФА, го следеле 75.000 гледачи.