Давид Алаба од наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Австриецот во „кралскиот клуб“ ќе пристигне без обесштетување, a со Реал Мадрид ќе потпише петгодишен договор.

Алаба не успеа да се договори со Баерн околу платата, поради што реши да го напушти Минхен. Реал Мадрид реши да ги исполнат финансиските барања на Австриецот. Алаба ќе стане најплатениот дефанзивец во светот, со годишна плата од 22 милиони евра.

Алаба е поливалентен играч, поради што ќе биде големо засилување за „кралевите“. Тој може да игра како лев бек, централен дефанзивец и во редот за врска.

OhridNews