Четириесетидвегодишната германска натпреварувачка во брзо лизгање Клаудија Пехштајн избори рекорден осми олимписки настап, исполнувајќи ја нормата на Светскиот куп во Калгари во квалификациите за Зимските олимписки игри (ЗОИ) од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг.
Пехштајн во кинеската престолнина ќе настапи на своите осми ЗОИ, што досега не и успеало на ниту една спортистка.
Прославената германска олимпијка за прв пат настапи на Игрите во Абервил во 1992 година и оттогаш освои девет олимписки медали, од кои пет златни и по две сребрени и бронзени одличја. Апсолутен рекордер е Канаѓанецот Јан Милан, кој има 11 олимписки настапи во коњички спорт.
OhridNews