Шансите да се извлече добитната комбинација од броевите: 16, 22, 29, 39, 42 и супер бројот 20 била 1: 176 милиони.
Извлекувањето џекпот било извршено во студиото на ABC телевизијата, на њујоршкиот Тајмс сквер каде и покрај ниските температури се собрале илјадници луѓе кои на лице место сакале да дознаат дали баш тие се среќните добитници.
Само во Њујорк се продадени околу милион тикети за еден час, додека во Вирџинија се уплаќале по 8.550 тикети во минута.
Најголема добивка на лото во САД пред оваа, во износ од 365 милиони долари, е извлечена минатата година кога комбинацијата ја погодиле осум градежници од Небраска.
(mondo)