Џорџи Гелер поседува неверојатен број на патики поради кои се запиша и во Гинисовата книга на рекорди како најголем колекционер на овој вид обувки.
Џорџи кој во својата колекција поседува 2.500 пара брендирани патики кои ги собирал цели 14 години по овој рекорд одлучил да ги продаде сите.
“Љубовта кон патиките ја наследив од мојот татко. Додека растев тој често трчаше маратони па поминував многу време во продавници за спортска опрема. Мојата омилена марка е Nike, а омилениот модел кој го поседувам се Nike Air Max 97 и тие се единствените патики од мојата колекција кој нема да ги продадам” Изјавил Гелер.