Група од 357 жени во минијатурни бикини прошетале на една австралиска плажа и така го собориле гинисовиот рекорд за најголема парада во бикини. Манифестацијата била одржана минатиот викенд во летувалиштето Сурферски Рај, на познатиот Златен Брег, во австралиската држава Квинсленд.
Еден од организаторите кој го прогласил Сурфесркиот Рај за нова престолнина на бикините рекол дека имаат преубави плажи, преубав брег и преубави млади жени со смисла за забава. На парадата на почетокот учествувале 361 девојка, но четири биле дисквалификувани, бидејќи бикините им биле „преголеми“. Претходниот рекорд од 332 жени во бикини бил поставен 2010 година на Кајманските Острови.