Во последните 24 часа се направени 1831 тестирања, а регистрирани се рекордни 243 нови случаи на ковид-19, од кои 5 во Охрид, 98 Скопје, 21 во Струмица,12 Прилеп, по 11 во Кочани и Куманово…
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички, информира Министерството за здравство.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти, 3 од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.
OhridNews