Шеесет и едногодишниот Ашрита Фарман, кого Гинисовата книга на светски рекорди го опишува како „најпродуктивен уривач на рекорди“ урна уште еден рекорд запалувајќи 72.000 свеќички на роденденска торта.
Фарман, почнувајќи од 1986 година, поставил 621 рекорд од кои 206 сé уште не се урнати. Во саботата во Њујорк на тортата со која се одбележувала 85-годишнината од раѓањето на неговиот духовен учител Шри Чинмој (1931-2007) успеал да постави нов рекорд во палењето роденденски свеќички.
На тортата со димензии 13,5 на 3 метри, успеал 72.000 свеќички да горат истовремено цели две минути, што е услов за да биде признаен ваквиот рекорд.
За да успее во намерата, Фарман имал помош од 70 пријатели кои ги палеле свеќичките со пламеници на гас, а во знак на благодарност добиле по парче торта.
OhridNews
извор: „Макфакс“