Ролф Бучхолц од Германија е човекот со најмногу пирсеви на светот. Информатичарот светот на пирсингот го открил пред 11 години кога го ставил првиот пирс. Тоа толку мнгу му се допаднало, што на телото ставил вкупно неверојатни 453 пирсеви.


Дури 94 од нив се на неговата уста, 25 на веѓите, осум во носот, 278 околу гениталиите, а останатите на другите делови од неговото тело. Освен по пирсевите, Ролф бил луд и по тетоважите, кои ги имал речиси преку целото тело. Сепак, иако има 453 пирсеви, сеуште не е ниту близу до жената со најмногу пирсеви на светот, Елеин Дејвидсон, која има 6725.