Американската полиција го уапсила Пол Болдвин (49) по 153-ти пат. Овој пат го обвиниле дека удрил некој човек по лицето. Ја признал вината за напад и пијанство.
На судијата му рекол дека со години се бори со алкохолот и за време на едногодишната условна казна се обидувал да се поправи. Досега е уапсен 153 пати, а добил дури 8 забрани за приближување и 75 опомени. Тужителката изјавила дека немала време да го прочита неговото огромно досие.