Бел тартуф со рекордна тежина од еден килограм и 12 грама бил пронајден во централна Италија и ќе биде подарен на американскиот претседател Барак Обама по повод неговиот реизбор на таа функција, соопштиле локалните власти. Тартуфот ќе биде испорачан во САД на 18 ноември, а организаторите на таа инцијатива се надеваат дека американскиот претседател ќе го прифати подарокот и лично ќе го превземе.
Првиот претседател ид САД кој добил тартув од Аквалања бил Хари Труман во 1956 година, изјавил градоначалникот Андреа Пјероти. Цената на тартуфот во меѓувреме достигнала неверојатни 3000 евра за килограм на поголеми парчиња и на околу 2500 евра за помали. Според официјалните лица, најголемиот тартуф пронајден досега во тоа место бил тежок 18 килограми и бил подарен на кардиналот Флавио Киди од Болоња.