Водата во морските длабочини на Антарктикот забрзано се лади наспроти глобалното затоплување, но не е јасно дали заладувањето ќе се прошири со помош на морските струи и со тоа ќе застане промената на климата, соопштиле денеска германските научници.

Во текот на неколку десетлетија, температурата на Јужното поларно море непрестајно растеше. Загревањето сега е застанато, а морето се лади, соопштил океанографот Еберхард Фарбах од Институтот Алфред Венегер во Бременхавен.


Сателитската снимка покажува дека ледената површина е поголема од секогаш. Дури во наредните години ќе се покаже дали падот на температурите е показател за нов тренд или станува збор само за издвоена појава, сметаат експертите во германскиот институт.

Од февруари до април, 58 научници престојуваа во Јужното поларно море за да ги истражуваат појавите за време на летниот период на Антарктикот.