Бројот на луѓето со мигрантско потекло во Германија се зголемил за 8,5 проценти во 2016 година, главно поради доаѓањето на бегалците, соопшти денеска Федералната статистичка служба.
Малку над една петтина од населението (22,5 проценти) е прва или втора генерација мигранти, барем со еден родител странец. Најголем е процентот на Турците, покажува статистиката.
Најбрзо растечките групи сепак се од Блискиот Исток (2,3 милиони луѓе) и Африка (740.000 лица).