Рекордниот џек пот од најмалку 900 милиони долари предизвика вистинска грозница во Соединетите Американски Држави пред извлекувањето кое ќе биде овој викенд. Износот полека се приближува до милијарда долари привлекувајќи се повеќе играчи на „Powerball“ лотаријата која се игра во 44 американски сојузни држави. Досегашниот најголем џекпот изнесуваше 656 милиони долари, и беше поделен од тројца среќни добитници на лотаријата Мега Милионс во 2012 година.

Потенцијалниот победник на „Powerball“ ќе добие на рака помалку од полниот износ. Оној кој ќе ги погоди броевите ќе може да бира помеѓу еднократна исплата од 558 милиони долари, намалена за даноците, или исплата на рати во период од 29 години. Повеќето добитници избираат еднократна исплата. Веројатноста за погодок изнесува 1 спрема 292 милиони. Постои поголема веројатност да станете американски претседател отколку да го освоите џекпотот, наведуваат медиумите.