На јубилејното 30-то издание на меѓународниот Атлетски маратон во Охрид ќе настапат рекордни 108 атлетичари од повеќе земји од светот.


Оваа бројка може да се зголеми бидејќи заинтересираните атлетичари можат да се пријават и денеска за учество на утрешниот маратон.

Овој маратон место да биде патоказ за понатаму ќе биде последен откако организаторите креваат раце немајќи помош во финансиските средства и организацијата.

Рекордот по вкупниот број на учесници беше поставен пред пет години на јубилејниот 25-ти Маратон кога на стартот се појавија 107 атлетичари.

Маратонот, традиционално ќе стартува од Св. Наум. Поради лошите временски услови стартот на трката е поместен за 1 час, односно во 10 часот, а  првите маратонци на целта на градскиот плоштад се очекуваат после 11 часот.

OhridNews