Бројот на јапонците стари 100 или повеќе години следниот месец ќе ја достигне рекордната бројка од 32 000, покажале владините истражувања.
Секој петти јапонец денес има 65 или повеќе години, а до средината на векот ќе ги има скоро двојно повеќе, но се очекува дека бројот на јапонското население ќе опадне од моменталните 90 на 30 милиони жители.
Јапонките, кои веќе 22 години се најдолговечни на светот, денес ги има 86% помеѓу стогодишниците во земјата-27 682 жени во Јапонија живееле подолго од еден век, покажало истражувањето.
Девојчињата родени минатата година во Јапонија можат да очекуваат дека во просек ќе живеат 85,8 години. Просечниот животен век на нивните машки сонародници е 79 години, по што јапонците се на второ место по исланѓаните кои ќе живеат во просек по 79,4 години.
J.M.