Во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19, од кои 10 во Охрид, информира Министерството за здравство.

Бројот на новодијагностицирани со коронавирус во Охрид за една недела се зголеми за уште 54 лица. Од почетокот на пандемијата до денес во Охрид вкупно се дијагностицирани 185 случаи на коронавирус, а заклучно со денес, во градот има 161 активен случај.

И натаму водечки град по бројот на новозаразени е Скопје каде изминатото деноноќие се потврдени 75 случаи, по што следат : Скопје 75,  Куманово 9, Дебар 6, Штип 8, Прилеп 6, Тетово 9, Струга 14,  Велес 3, Охрид 10,  Кавадарци 3, Гостивар 7,  Гевгелија 2, Струмица 1, Крушево 1,  Кочани 4,  Пробиштип 1,  Берово 1, Валандово 1, Свети Николе 6, Кичево 3, Ресен 3.

Изминатото деноноќие во земјава починале 15 починати лица на кои им бил дијагностициран Ковид 19, најмногу од почетокот на пандемијата. Од нив еден еден случај во Охрид и двајца од Струга, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово и двајца од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти, четворица од Охрид, 10 од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.

Г.М.