Изминатава недела во англиската Премиер лига регистирани се нови 40 ковид позитивни случаи, што преставува негативен рекорд од почетокот на сезоната.

Во првиот бран на тестирање позитивен исход имале 28 фудбалери или членови на стручниот штаб додека во вториот бран позитивен тест добиле 12 лица. Направени биле вкупно 2 295 тестови.

Претходно, највисок број на новозаразени со коронавирусот биле регистрани од 21 до 27 декември, кога позитивни тестови добиле 18 лица.

Неколку мечеви беа одложени, но од Премиер лигата најавуваат дека нема да има прекин, туку со тестирање и почитување на протоколите, постепено ќе се намали бројот на новозаразени и првенство ќе продолжи без проблем.

OhridNews