Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 122 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 80 во Охрид, најмногу од кога на сила е оваа мерка.

Во истиот период во Струга биле поднесени само 7 прекршочни пријави, во Кичево 18, а во Дебар 17.

На прекршителите им се издадени платни налози согласно Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19 во висина од 20 евра во денарска противвредност.

Г.М.