Во Германија минатата година драстично се зголеми бројот на баратели на азил кој сега изнесува 217.774, заедно со повеќе од еден милион бегалци од Украина кои не треба да поднесат барање за азил за да добијат заштита.
Во Германија 217.774 лица првпат поднеле барање за азил во 2022 година, што е зголемување за 47 отсто во споредба со претходната година, соопшти Федералниот завод за статистика во Визбаден.
Најголем број баратели на азил доаѓаат од Сирија, а потоа следат оние од Авганистан, Турција, Ирак и Грузија. Околу милион бегалци кои пристигнаа во Германија по рускиот напад на Украина не се вклучени во таа статистика бидејќи, според упатствата на ЕУ, бегалците од Украина не се обврзани да поднесат барање за азил за да добијат заштита.
Бројот луѓе кои побарале заштита во Германија во рок од една година ја надмина бројката од 2016 година, кога во Германија пристигнаа речиси еден милион бегалци од Сирија.
Позитивна одлука е донесена за 17 отсто од сите поднесени барања за азил, а 21 отсто биле одбиени. Во други случаи била пружена заштита до понатамошно известување, поради можна опасност во случај на враќање во татковината.
Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, рече дека бројот на баратели на азил се зголемува и покрај бројните мерки насочени кон намалување на илегалните преминувања на границата.
OhridNews