Рекорден број патници е регистриран за време на изминатиот викенд на најголемото албанско пристаниште Драч.

Премиерот Еди Рама денеска сподели фотографија од пристаништето на Јадранот, притоа информирајќи дека „Пристаништето Драч викендов пречека над 11 илјади патници“.

Високиот проток на патници кон Албанија ја натера Капетанијата на пристаништата во Драч да ги зголеми релациите на траектите, а истовремено и шалтерите за обработка на податоците за патниците.

Од 20 јули, пристаништето Драч работи со двојно пловидба со пет траекти дневно, со што бројката во просек деновиве е околу 7.000 патници дневно.

Во патничкиот терминал преземени се мерки за обработка со максимален капацитет, со 32 шалтери, 20 за автомобили и 12 шалтери за пешаци.

Според надлежните, најголемиот процент од патниците се иселеници не само од Албанија, туку и од Косово и од Северна Македонија кои главно живеат во Италија, а летните одмори ги минуваат во своите родни места. Како резултат на тоа видно е зголемена и фрекфенцијата на премините на албанско-косовската и на албанско-македонската граница.

OhridNews

Фото: ФБ на Еди Рама