Роби Каптаин Книвел со мотор успел да прескокне 24 камиони за превоз на Кока Кола, и со тој „лет“, кој изнесувал 61 метар, успеал да го собори рекордот кој на истото место пред 33 години го постигнал неговиот татко Евел.


Досегашниот рекорд во скок со мотор, Евел Книвел во забавниот парк Кингс Исланд во Охајо, го извел во 1975 година, а прелетот над 14 автобуси, во вкупна должина од 35 метри, тогаш го следеле повеќе од половина американски гледачи. Роби Каптаин Книвел 24-те камиони ги прескокнал отскокнувајќи од висока рампа со брзина од 152 километри на час, а скокот завршил слетувајќи меѓу повеќе од 40.000 гледачи, кои му приредиле огномет.

Роби ги поздравил со подигнат палец и дигање на моторот на задното тркало, а скокот го посветил на неговиот татко и на воените ветерани.