Реконструкцијата на паркетот во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ е во завршна фаза. Оштетените делови од паркетот се заменати со нови, а смената e бојата на делови од паркетот од сина во црвена боја.


Како што информираат од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ за Ohridnews работите ќе бидат финиширани до вторник кога салата повторно ќе биде отворена за клубовите и рекреативците.

Сезонава, Ј.П. „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на екипите на Охрид во ракомет, фудбал и кошарка и ќе преставува спортски епицентар во градот.

Ohridnews