Причина за тоа е дотраеноста на старата дрвена градба која ги поврзува двата кеја на Дрим, поради што на влезовите на мостот е поставена метална ограда и предупредување на повеќе јазици.
Деновиве ќе биде извршена реконструкција на критичните делови на испустот, но и на самиот мост, со цел подобрување на безбедноста.
Дотраените дрвени клатна преку кои се контролира истекот на Дрим, односно нивото на Охридското Езеро,ќе се заменат со бетонски испусти, додека мостот нема да го менува ликот и ќе остане дрвен.
фото:Васко Бујароски