Започна целосна реконструкција на двата санитарни јазли (тоалетите) во одделенска настава во ООУ „Св. Климент Охридски”.
Со оваа мерка значително ке се подобрат условите во нашето училиште. Кабините ќе бидат изработени со компалт плочи со согласно највисоките европски стандарди за хигиена и естетика. Тоалетите ќе бидат целосно реконструирани согласно изготвениот проект од овластена компанија, посочуваат од училиштето.
Средствата, додаваат, се обезбедени од страна на Општина Охрид и се во вредност од 1 800 000 денари.
OhridNews