Реконструкција на улиците „Крепо“, „Шопев мост – Здравствен дом“ и „Попој – Млака“ се дел од инвестициите во обнова на патната инфраструктура во Вевчани што ќе се одвива во текот на оваа година, информира градоначалникот Спасе Кочовски.
Според него, потпишан е договор за изведба на градежни работи за реконструкција на локалната улица „Крепо“, а во наредниот период ќе почне и реконструкцијата на улицата „Шопев мост – Здравствен дом Вевчани” за што бил склучен договор и изведувачот е воведен во работа.
Тој посочи дека се обезбедени пари за реконструкција и на улицата „Попој – Млака“, за што во тек е тендерска постапка за избор на изведувач.
Инвестициите во обнова на локалната патна инфраструктура ќе продолжат и во иднина за што веќе се аплицирани проекти за обезбедување на финансиски средства до различни донатори, истакна Кочовски.
Упати апел до локалното население, оние кои имаат потреба од вклучување на водоводна и канализациска мрежа, тоа да го направат во текот на извршувањето на земјените работи, односно пред асвалтирањето.
OhridNews