Куратица и жителите добиваат Селски културен дом. Во рамки на проектот за „Зачувување и историска промоција на колективната меморија – сеќавањата на луѓето од село Куратица“ во тек е реконструкција на Домот на култура во селото.
Како што информираат од Месната заедница на село Куратица објектот во центарот на селото пополека го добива својот изглед и се оформува во Селски културен дом.
Месната заедница од село Куратица продолжува со значајни проекти од интерес на целокупната заедница и нашите идни поколенија. Проектот за реконструкција на Домот на култура во село Куратица како еден од најзначајните културни проекти за заедницата овозможува да продолжиме со активностите кои се дел од собирање на културното – историско наследство на генерациите од селото Куратица, потенцираат.
Во оваа насока велат следниот период ќе биде објавен тим кој ќе излезе со повик за собирање документација, кратки раскази, животни приказни, пишани или усно пренесени спомени, усни преданија, семејни стебла, улични игри, традиционални обичаи, фотографии, филмски спомени, поврзани со историјата и меморијата на минатите и сегашни поколенија, со цел се ова да се пренесе на идните поколенија.
OhridNews