По претходно изготвен проект, на кружната крстосница во близина на Општа болница, започнаа градежни активности за целосна реконструкција, каде увид изврши вд градоначалникот Константин Георгиески.

Поради лошата состојба во која се наоѓа кружната крстосница, подолг период претставуваше критична точка по безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со проектот предвидено е поставување на нов асфалт на самата крстосница, како и до 30 метри на улиците кои се сечат со крстосницата. Предвидена е и реконструкција на одморалиштата и комплетно ново хоризонтално и вертикално обележување.

Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува повеќе од 2 500 000 денари, а зафатите ги изведуваат АД „Илинден“ и „Виадукт трејт“.

OhridNews