Деновиве започна реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште кое е дел од Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори”. На истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови информираат од ЈП „Билјанини Извори“.
Во првата фаза ќе се изврши нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева и дополнително заградување на фудбалскиот терен. Доколку дозволат финансиските услови во претпијатието ќе се пристапи и кон втората фаза која ќе значи и комплетна санација и реконструкција на игралиштето доколку не претпријатието наредната пролет ќе го заокружи и овој проект кој е од особено значење за фудбалските школи и клубови, велат.
Од претпријатието додаваат дека согласно планот и програмата за работа за 2022 година и во иднина ќе реализираат или ќе превземаат активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува.
OhridNews