Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, денеска, започна голема акција за реконструкција и санација на тревникот од Градскиот фудбалскиот стадион.

  • Реконструкцијата ќе трае до 1 мај и ги информираме сите екипи дека Градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе биде затворен за користење од страна на клубовите и фудбалските школи. – соопштија од ЈП „Билјанини Извори“.

Планирано е да се заменат околу 3000 м2 оштетен бусен (тревна подлога) со нов и максимално да се подобрат условите за тренинзи и фудбалски натпревари.

OhridNews