ЈП „Билјанини Извори” со поддршка на Општина Охрид продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува, вели во објавата на фејсбук профилот градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Денес присуствував на реконструираното северно фудбалско игралиште со природна трева кое долги години беше запоставено и надвор од секаква употреба на фудбалските школи и клубови. Во изминатиот период на истото се направија градежно-санациони активности, нивелација на игралиштето, аерификација, засадување на трева, дополнително заградување на игралиштето и поставување на систем за наводнување, вели Пецаков.
ЈП „Билјанини Извори”, нагласува, согласно планот и програмата за работа на претпријатието за 2022 година ја реализира и оваа предвидена активност веруваме на задоволство на сите фудбалски школи и клубови.
Ставањето во функција на северното фудбалско игралиште претставува чекор напред кон комплетно уредување на тој простор со кој стопанисува јавното претпријатие, додава Пецаков.
OhridNews