Во Подмоље извршена реконструкција на постојното повеќенаменско игралиште. Дополнително во склоп на повеќенаменското игралиште изградено е и комплетно ново детско игралиште кое е опремено со соодветни детски реквизити, информираат од Општина Охрид.
Изграден е и нов потпорен ѕид, игралиштето соодветно е обележано, околниот простор партерно уреден. Поставени се нови клупи, канти за отпадоци и клупи на трибините, велат од Општина Охрид.
Вредноста на реконструкцијата изнесува околу 600 000 денари.
OhridNews