Извршена комплетна реконструкција на кујната во централниот објект на ЈОУДГ Јасна Ристеска Охрид во рамки на развојната програма за капитални инвестиции на Општина Охрид во областа на детска заштита (ВА).

Во кујната се приготвува храната за сите објекти од детската градинка, а потоа се дистрибуира до нив и години наназад неопходна беше нејзината реконструкција, информираат од Општина Охрид.

За таа цел реконструирана е електричната и водоводната мрежа, презвземени се градежни зафати за комплетно уредување на просторот во кујната, набавен е нов аспиратор и современ систем за вентилација, појачана е и моќноста на електричната мрежа во целиот објект со што се исполнети сите неоходни стандарди кои треба да ги задоволува кујната во детската градинка, додаваат.

Заедничката инвестиција во овој проект на Општина Охрид и ЈОУДГ Јасна Ристеска изнесуваше околу 3.300.000 денари.

OhridNews