Реконструиран кровот на објект од павиљонски тип на згради при ЈЗУ Општа болница – Охрид со донација на локални фирми.

Во текот на процесот на реконструкција, освен што се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови.

Објектот е изграден во 1962 година и ова е прва значајна реконструкција. Оваа зграда, која ги вклучува трансфузиологија, биохемиска лабораторија, физикална медицина и рехабилитација, радиологија, болничка аптека, јавни набавки, комерција и патологија и т.н. веќе долги години служи како клучен дел на установата. Така наречената економска зграда заради дотраеност и временски неприлики беше доведена до нефункционалност со што постоеше опасност за прекин на работа на неколку оддели сместени во истата, изјави директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид д-р Асен Шајн.

Потенцира дека благодарение на поддршката- донација од нашите локални фирми ПН МЕТАЛ ДООЕЛ со финасиски средства, како и ТУРИСТ ИЖЕНЕРИНГ ДОО со материјални средства, успешно се завршени сите потребни изведби на површина од 3 000 m².

Сега кровот не само што е функционален, туку истиот е значаен и во подобрување на визуелниот аспект на целокупната инфраструктура. Оваа инвестиција не само што ќе продолжи да ја подобрува инфраструктурата на нашата институција, туку и ќе обезбеди подобри услови за работа на вработените и комфорен амбиент за пациентите кои ги обслужуваме, истакна Шајн.

OhridNews