Првата реклама направена од сирење била поставена во лондонскиот Ковент Гарден. Висока е 5, а широка 4 метри и тежи 110 килограми. Рекламаира една интернет врска, а главниот лик на рекламата е анимираниот лик „Спиди Гонзалес“.
Рекламата е за компанијата Вирџин Медиа, а била правена од тим од 13 членови на уметникот Пруденс Стати. Била работена во ателје во кое имало посебно ладење. Биле користени повеќе видови сирење и тоа Шропшир Блу, Чеширем, Ланкашир Чедар, Чили Чедар, Дабл Глочестер, Ред Лечестер и Ванслејдал.