Покрај автопатот кој поминува низ Северна Каролина поставен бил билборд со реклама за говедска шницла, која не би ги привлекувала возачите доколку не мирисала. Тој едноставен билборд испуштал миризба на скара, а станувало збор за промоција на различни јадења од говедско месо кои ги нуделе рестораните Блум.


На рекламата било прикажано големо парче месо прободено со вилушка. Претставник на компанијата Блум изјавил дека билбордот ќе испушта миризба до 18 јуни. На истиот бил поставен и голем вентилатор кој ја ширел миризбата по автопатот.