Нестле, еден од најголемите светски производители на храна за домашни миленици, ја направил првата телевизиска реклама наменета исклучиво за кучиња, користејќи звук со висока фреквенција како би им се привлекло вниманието. Георг Сандерс, експерт за прехрана во Нестле, објаснил дека кучињата имаат двојно поостар слух од луѓето и можат да уловат фреквенции кои се надвор од нашиот домет. Нестле користел американски експерти како би направиле телевизиска реклама за кучешката храна Бенефул.
Во рекламата која трае 23 секунди се користи звук сличен за свиреж, кои луѓето едвај можат да го чујат, како и гласно свирење. Во компанијата се надеваат дека со помош на рекламата кучињата ќе се „навлечат“ на храната Бенефул. Рекаламата ќе започне да се прикажува оваа седмица на австралиската национална телевизија.