Во предвечерието на големиот православен празники Св. Климент Охридски – Чудотворец, заштитникот на Охрид, голем број верници го посетуваат Свети Климентовиот храм на Плаошник за да се поклонат на моштите на светецот. По повод празникот синоќа се одржа света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Традиционално на овој празник се изнесуваат моштите на светецот кој во X век на Плаошник ја подигнал црквата посветена на Св. Пантелејмон.


Охрид го слави Свети Климент

Ohridnews