Тимот на Хјустон формира екипа со која ќе може да ја нападне титулата во НБА лигата. „Рекетите“ за таа цел ќе го ангажираат Расел Вестбрук од Оклахома и ќе формираат пеколен тандем со Џејмс Харден.

Оваа трампа ја најави реномираниот новинар во Адријан Војнаровски, кој на социјалните мрежи напиша дека во Оклахома од Хјустон ќе се пресели Крис Пол. Оклахома исто така ќе добие можност за одбирање на играчи во првата рунда од драфтот во 2024 и 2026 година.

Хјустон ќе ги обедини Харден и Вестбрук кои заедно со Кевин Дурант ја сочинуваат тројката во Оклахома која во 2012 година играше во финалето со Мајами. После оваа трампа и останатите во кои беа вклучени неколку ѕвезди НБА лигата ќе добие нова димензија и возбуда.

OhridNews